22-годишниот Никита Неаронов е под истрага поради тврдења дека убедувал 10 малолетни девојчиња да си го одземат животот. Тој тоа го работел главно од компјутерот од неговиот дом во близина на Москва.

Околу 40 тинеџери биле членови на неговата група, а полицијата се обидува да пронајде уште скриени зад безбедносните поставки.

Синиот кит вклучува перење на мозокот на ранливи тинејџери во период од 50 дена и ги повикува да извршуваат ужасни задачи пред да им биде кажано да си ги одземат своите животи. Никита бил опишан како „многу паметен“ компјутерџија кој верувал дека тинејџерите биле „злобни“ и дека „не заслужуваат да живеат“, според извештаите на полицијата.

Полицијата верува дека Никита е „главен и опасен“ креатор на играта, иако тој тврдел дека само се обидувал да се однесува „пријателски“ со девојчињата. Во два од десетте случаи за кои е обвинет, се знае дека девојките на возраст од 14 и 17 години преживеале. Ако го осудат, тој се соочува со затворска казна до шест години во врска со овие наводни жртви.

Во осум други нови случаи, детективите сѐ уште немаат сознанија дали жртвите се живи или мртви. Тој ги избрал потенцијалните жртви од ранливите тинејџери со кои тој се поврзувал на интернет. Тој испраќал пораки и поставувал задачи „речиси деноноќно, од дома или на работа“, охрабрувајќи ги на активности кои воделе до самоубиство.

Никита Неаронов потекнува од „добро семејство“ и имал добро платена работа во Москва како финансиски аналитичар, според извештаите. Улогата како куратор на смртоносната група било негово „хоби“, изјави полицијата. Но, тој е, исто така, обвинет за обучување на други планирачи во смртоносната игра.

Работејќи главно од неговиот дом во близина на Москва, Никита имал жртви во различни руски региони – и еден во Латвија, земја на ЕУ, соопшти полицијата. Тој комуницирал со нив со користење на руски социјални медиуми VK и пораки преку Telegram.

Државниот инспектор Димитриј Ашарин изјавил: „Тој инсистира дека им посакувал само добро на овие девојчиња. Тој мислел дека тие секако биле безнадежни и тој само им помагал.“

Тој е во притвор во Чељабинск, град во кој живеела една од неговите жртви. „Огромната количина на он-лајн материјал пронајден од страна на полицијата не остава сомнеж дека овој млад човек бил вмешан во сето ова и дека тој го сторил тоа со одредена цел.“, додава Ашарин. Тие тврдат дека имаат многу повеќе компромитирчки материјал одземен од неговите компјутери и телефони, како и оние на наводни жртви.

Севкупно, околу дваесетина самоубиства во Русија се официјално поврзани со трендот што родителите и полицијата го нарекуваат „зло“, но политичарите и медиумите сугерираат дека таа бројка оди во стотици.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено