Пензионерка убиец ја убила својата пријателка и потоа и ја отсекла главата и ја сварила во тенџере, претходно труејќи ја со најмалку 50 пилули за спиење. 68-годишната Тамара Самсонова била снимена на безбедносните камери како ги изнесува останките на Валентина Уланова од својот стан во Санкт Петерсбург за да ги фрли во ѓубре.

Во официјална изјава на властите стои: „Потоа, со цел да го прикрие стореното злодело, таа го распарчила телото на жртвата и ги расфрлала деловите на различни места во близина на зградата. Употребила рачна пила за да ја исецка г-ѓа Уланова, за која се грижела и употребила пластични ќеси за да ги расфрла деловите од нејзиното тело. Меѓу нив имало лично непријателство“.

Истражниот комитет утврдил дека Самсонова страда од параноична шизофренија. Оваа состојба ја отежнува истрагата во врска со нејзините тврдења дека убила уште најмалку единаесет луѓе.

bb01 bb02 bb03 bb04

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено