Така е, Русите ќе бидат опремени со направи кои наликуваат на оние од научно фантастичните филмови. Овие робо-топки функционираат така што откако ќе бидат фрлени во објект, просторија, се контролираат со специјален џојстик. Може да се користи во операции за спасување на заложници и за многу други намени. Армијата веќе потпишала договор за купување на првата група од овие направи.

Секоја Сфера чини околу 20.000 евра, опремена е со четири видео камери, LED светла, микрофон и предавател. Фотографиите, видео и аудио снимките може да се испраќаат од далечина до 50 метри и ќе работат на температура од минус 20 до плус 45 Целзиусови степени. На видеото можете да видите како функционира „робо-топката“.

Робо-топките се дел од стратегијата за создавање на паметна воена опрема. Се смета дека се најефикасни во урбаните воени зони каде што е неопходно да се води борба за секоја улица.

Сподели на Facebook
пати видено