Од време на време на социјалните мрежи гледаме фотографии од познатите личности, по кои во главата ни се врти: „Каде им бил паметот?“ Во повеќето случаи можеме само добро да се насмееме, да ја споделиме фотографијата со пријателите и да продолжиме понатаму, сепак, овој блогер со опасна смисла за хумор одлучи ваквите фотографии да ги однесе на сосема ново ниво.

Јуриј Истерика е еден фасцинантен лик кој ги споделува своите пародии на Инстаграм. Тој користи сè што ќе му дојде при рака за да создаде „подобрени“ верзии на познати личности. Иако неговите „уметнички дела“ главно се состојат од руски славни личности, често, тој создава пародии и на ѕвезди кои се добро познати низ целиот свет.

Сподели на Facebook
пати видено