Русија развива таен нуклеарен воз кој може да патува 2400 километри дневно пред да лансира нуклеарен проектил кон непријателот. Возовите, наполнети со балистички преоктили, ќе бидат маскирани како обични патнички возови, со што практично би било невозможно да се идентификуваат. Застрашувачката снимка од пробните тестови покажуваат дека овие возови би можеле да бидат запрени за секунда на нивните шини, и веднаш да го лансираат проектилот.

Звучи како нешто од филм со Џемс Бонд, но овие возови се само на чекор од нивното целосно воено оспособување, што следи по успешното пробно лансирање проектили изведено на космодромот Пјесетск пред две седмици. Се очекува овие тајни подвижни платформи кои носат шест Јар или Јар-М термонуклеарни бомби и нивните командни единици да станат дел од рускиот воен арсенал во периодот од 2018 – 2020.

Злокобните проектили носат боеви глави од по 250 килотони и имаат дострел до 11 000 километри. Рускиот експерт за одбрана Виктор Мураховски вели дека новите возови ќе бидат „вистинска ноќна мора“ за странските шпиони.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено