Русија лансираше хиперсонична ракета способна да носи нуклеарна боева глава. Претседателот Владимир Путин ја нарече „идеално оружје“, кога претходно овој месец го претстави новиот спектар на оружје од новата генерација.

Високопрецизната ракета Кинџал која достигнува со голема брзина, способна е да лета речиси 12.390 километри на час во должина од 2.000 километри. Таа беше лансирана од MiG-31 суперсоничен пресретнувачки авион што полетал од аеродромот во воена област на југ во југозападниот дел на Русија.

„Лансирањето беше извршено според планот, хиперсоничната проекција ја погоди целта“, изјавија од министерството. Путин рече дека проектилот лета со 10 пати поголема брзина од брзината на звукот и може да ги надмине системите за воздушна одбрана. „Ракетата е распоредена во Јужната воена област од 1 декември“, додаде тој. Исто така биле извршени одреден модификации на MiG-31 суперсоничниот авион, за да може да ја носи ракетата. Од почетокот на годината, авионот извршил повеќе од 250 летови за да ја усоврши работата на ракетниот систем.

Исто така Путин изјавил дека Русија сега има подводно беспилотно летало со одлична издржливост и способност за невидливост, со нуклеарен реактор помал и помоќен од претходните модели.

Сподели на Facebook
пати видено