Русија го откри своето ново можно оружје. Ласери кои според нив можат да ја уништат целта за „дел од секунда“.

Ласерскиот топ наречен Пересвет по руски воин монах од шеснаесетиот век, веќе се распоредува и користи од страна на руските вооружени сили – според владата на земјата.

Снимки кои го прикажуваат оружјето во акција беа објавени на профилот на руското министерство за одбрана. Тие покажуваат како ласерскиот систем се вади од хангарот и е активиран од страна на војник од далечина. Рускиот заменик-министер за одбрана, Јуриј Борисов, изјавил: „Почнувајќи од минатата година, ласерските системи влегуваат во служба што овозможуваат разоружување на потенцијалниот противник и уништување на објектите, кои се цел. Овој уред може да ги уништи целите за дел од секунда.“

За време на неговото обраќање кон нацијата рускиот претседател Владимир Путин рекол дека „значителен напредок“ е постигнат во руската програма за ласерско оружје и „постојат причини да се верува дека ние сме еден чекор понапред од нашите ривали во оваа сфера“.

Сподели на Facebook
пати видено