Руската влада нуди 1 хектар земја на секој граѓанин. Сѐ што треба тој да даде во замена е да сака да ја работи. По падот на СССР во 1991 година, крајниот исток на Федерацијата загубил околу 2 милиони луѓе. За да се зголеми земјоделското производство и повторно да се насели областа, рускиот претседател Путин неоадмна потпишал закон со кој на секој граѓанин му следува по еден хектар земја доколку се реши да се занимава со земјоделство. Единствено што треба да сторат и е по пет години да докажат дека сториле нешто за подобрување и унапредување на земјиштето кое им било доделено.

rs

„Ова на Русите, особено на младината, ќе им помогне во Далечниот Исток да видат вистинска шанса за себеостварување“, вели Александр Галушка, министер за развој на Истокот. И покрај тоа што овој регион сочинува речиси една третина од Русија. само четири отсто од населението живее во него. Планот на Путин е да привлече работни луѓе во областа на ист начин на кој Руското царство го сторило тоа пред приближно сто години. Но, иако оваа тактика привлекла три милиони луѓе, главно селани, овој план не е без свои недостатоци.

Областа е студена и затоплувањето е скапо, а покрај тоа, речиси 70 отсто од населението живее во урбаните средини, па според тоа, нема лесно да се пренасочат и да ја искористат приликата. За заживување на руската тундра ќе треба цврсти и издржливи души.

Сподели на Facebook
пати видено