Огромен камен со смарагди бил пронајден 200 метри длабоко во рудникот Карнаиба во Бразил, минатиот месец. Сега овој камен вреден 300 милиони долари се чува на тајни локации и постојано се поместува, а неговиот сопственик се плаши дека тој и неговото семејство можат да станат жртви на киднапирање, уцена или грабеж.

Каменот е висок 13 метри и иако би требало вилушкар за да се подигне, затоа што тежи околу 360 килограми, сепак сопственикот, со иницијали ФГ, се плаши поради тоа што во Бразил се познати бандите кои користат разни видови на експлозив.

ФГ вели: „Не можам да откријам каде се наоѓа каменот, на кој начин се чува и колку платив за него. Се што можам да кажам е дека каменот се поместува постојано од една на друга тајна локација, со вооружана стража. Не можам да го ризикувам животот на моето семесјтво.“

Овој 50-годишен човек, кој е татко на едно дете, го пронашол каменот во легално ископување во рудникот Карнаиба, во кое учествувале уште 9 луѓе. ФГ им го исплатил делот за каменот на сите 9 луѓе и тој потпишал документи за сопственост.

„Извлекувањето на каменто беше многу тешко. На нас 10мина ни беше потребна една недела да го извадиме затоа што беше 200 метри под земјата.“

Постојат само два вакви смарагди во светот. Овој огромен смарагд е пронајден само 100 метри од местото каде што е пронајден првиот смарагд од ваков тип наречен Баија, пред шеснаесет години. Баија бил нелегално пренесен во Америка и иако имало и тужба, судијата одлучил каменот да остане во Америка. ФГ вели дека истиот случај нема да се повтори со овој камен, иако веќе има многу понуди од Европа, Арапски Емирати, Америка, Индија и Кина.

Сподели на Facebook
пати видено