Човек што живеел на крајот од пустината засадил млада розова грмушка, која ниту еднаш не се расцветала. Тој долго време чекал нешто да се смени, но ништо не се случило. Тогаш мажот ја прашал грмушка зошто не цвета.

„Зошто не цветам?“, зачудено го повторила прашањето грмушката. „Зарем треба да цветам? Еве колку има такви како мене, грмушки камилски трн, никој од нив не цвета.“

„Но, ти не си трн“, рекол човекот.

„Како не сум трн?! Напротив, јас сум ист како нив. И јас имам боцки, еве види!“

„Да ист е како нас, зошто го збунуваш.“, се слушнале гласовите на трњето.

Човекот се обидел да ја убеди розата, но без резултат. Без оглед на аргументите што ги користел, трњето го прекорило со зборовите: „Ние знаеме подобро што сме и кои сме“. И розовата грмушка занишала гранче во знак на согласност, чудејќи се зошто човекот се измачувало и себе и нив на овој начин. Човекот се уморил од расправање и си заминал.

„Не го слушај, пријателе! Тој го бара од тебе невозможното! Ти си како нас, сам гледаш. Види го трњето. Погледни го нашето. Ние сме трње и ќе останеме трње. Ти си ист.“, зборувало трњето.

Розата се согласила. Таа знаела дека трњето е во право. Тие требало да бидат во право. Тенок внатрешен глас и прошепотил дека можеби е добро да го послуша човекот. Но разумот надвладеа: сепак што разбирал човекот? Тој бил различен од растенијата. Немало начин да ја знае нивната природа подобро од нив самите! Уморна од оваа внатрешна борба, розова грмушка одлучила да го следи гласот на разумот и да заспие.

Мажот сепак бил цврсто решен да не се откажува. Отишол во соседната држава и купил друга розова грмушка. Тој ја засадил до првата. Вечерта трњето почнало да го поздравува за добредоје – биле цврсто убедени дека се појавил уште еден нивен брат. Странецот сепак се чинело дека не разбирал ни збoр. Зборувал на чуден јазик и само од време на време се занишувал во знак на учтивост.

Наскоро дошла пролетта, по неа – лето и новата грмушка процветала. Грмушката, која се сметала за камилски трн, била вчудоневидена. Таа не очекувала такво нешто од некој кој бил ист како неа – камилски трн. Но цветовите на розата биле толку убави што почнал да рони солзи а душата му се исполнила со радост и мир. Убавината навлегла во неа и наскоро таа самата процветала.

Колку е важно за нас да имаме луѓе кои ни помагаат да цветаме. Затоа, опкружете се со луѓе кои Ве охрабруваат, Ви даваат храброст и сила да ги правите оние работи кои изгледаат невозможни.

Сподели на Facebook
пати видено