Деменцијата е широка категорија на мозочни заболувања кои предизвикуваат долгорочно и често постепено намалување на способноста за размислување и помнење.

Ефектите се доволно големи за да влијаат врз секојдневното функционирање на една личност и можат да бидат болни и за оние околу нив, бидејќи гледаат дека саканата личност постепено ги губи виталните делови на нивната личност и сеќавањата за нивната врска.

Саканиот сопруг на Ана Данкан, Бил живее со деменција последните 9 години и престана да ја препознава како сопруга. Но, Ана не се откажала од него и неодамна го доби најубавото изненадување.

Иако Бил не бил свесен дека таа му е сопруга во изминатите 12 години, бидејќи Ана останала до него тој почнал да ја препознава како своја девојка. Тој ѝ рекол дека многу ја сака и дека би сакал да биде со неа засекогаш, така повторно, без да знае, си ја запросил својата сопруга.

Ана ја прифатила понудата на Бил и фактот дека доколку тој не може да се сети на минатото треба да живеат за иднината. Очигледно љубовта може да толку голема што ниту вакви сериозни пречки не можат да ѝ застанат на патот.

На втората свадба Бил и Ана си поминале прекрасно и целиот ден танцувале, бидејќи Бил сѐ уште уживал да го прави тоа. Ана дури организирала „Диско за луѓе со деменција“ каде што сите заедно ќе можат да се дружат и повторно да уживаат во животот.

Сподели на Facebook
пати видено