Да, така започнуваат сите хорор филмови, со опседнато бебе кое го гледаат на бебе-монитор. Еден родител сакаше да ја сподели морничавата и комична ситуација со сите на Твитер. На Твитот стоеше: „Купивме нов видео монитор за бебиња и мислам дека тоа беше грешка“. Објавен од „Passion Pop Socialist“ Твитот доби повеќе од 401.000 лајкови и 81.000 ретвитови, а многу луѓе се пошегуваа на сметка на „опседнатото бебе“.

Родителите, особено таткото очигледно се шегаџии па побарале и совет: „Кога сме на таа тема, дали некој знае апликација за создавање на бучава за спиење? Секоја што сум ја пробал до сега е само шепотење и некое пеење на латински. Сепак успева да го заспие Фин, но не ми се допаѓа“

За работите да станат покомични некои луѓе ги сфатиле сериозно, па таткото морал повторно да дообјаснува: „Многу луѓе ми даваат легитимен совет овде, што го ценам, но ова беше шега. Јас всушност го користам Relaxio и навистина е супер.“

Кога некој му коментирал да го крстат детето, таткото им вратил: „Пробавме, но водата ја претвори во крв, свештеникот почна да се качува по ѕидови беше цела процедура…“ Кога сите прашувале како навистина изгледа детето таткото решил да ја извлече последната шега од џебот и да објави фотографија од тоа како „навистина“ изгледа малиот Фин.

„Ова малку стана преголемо, затоа си помислив да објавам нормална фотографија од моето бебе за да видите колку е сладок.“, напишал таткото шегаџија.

Сподели на Facebook
пати видено