Ејми Фабрини и Ерик Зиглер изгубиле старателство врз нивните две деца, а помалото им било одземено веднаш по породувањето на Ејми. Тие направиле задолжителен тест на интелигенција, според кој на Ерик резултатите изнесувале 68, а на Ејми 77, додека интелигенцијата на просечен човек се движи од 90-110.

Не било докажано дека постариот син Кристофер бил запоставуван или злоупотребуван. Родителите започнале правна битка за да си ги вратат децата. Социјалните служби како доказ за „неспособноста“ на родителите да се грижат за децата исто така ја поднеле и дијагнозата на 38-годишниот Ерик, кој земал социјална помош поради неговата ментална попреченост.

Родителите биле пријавени од нивен роднина кој се загрижил за здравјето на Кристофер, кога забележал дека Ерик спие заедно со бебето на подот и малку недостасувало да се стркала врз него. Родителите на Фабрини му помогале на парот да го одгледуваат Кристофер. Ејми работи во супермаркет а Ерик е невработен поради здравствени причини.

Шерен Хагенбах, член на одборот на здружението „Здрави семејства“ и адвокат на парот, вели дека одлуката за одземање на Кристофер и Хантер од нивните родители е донесена без докази и факти и може да биде уште понеповолна за семејството како целина.

„Од службата велат дека тие не се доволно интелектуално развиени и не би можеле да ги водат децата низ животот. Тие велат дека службата ќе им овозможи подобра грижа, затоа што ќе им обезбедат финансии и подобро образование. Доколку одиме со тој воз, тогаш Бил Гејтс треба да ги земе моите деца. Секогаш ќе има некој подобар од нас, затоа ова е многу опасна ситуација.“, изјавила Шерен.

Тетката на Фабрини изјавила дека таа не гледа причина поради тоа парот не треба да ги задржи децата и смета дека тие се добро родители. Ејми и Ерик тврдат дека се придржувале до сите прописи и нема да се откажат од децата. Додека трае процесот парот може да ги посетува децата под надзор на социјален работник.

Сподели на Facebook
пати видено