Ова тажно семејство морало да ги сними најтажните слики кои може да ги слика еден родител, слики со двете братчиња близнаци пред едното од нив да го напушти овој свет, единствените мигови кога можеле да бидат заедно. Линдзи и Метју Брентлингер добиле близнаци на 17 декември, откако со години се мачеле да зачнат. Близнаците Вилијам и Реган изледале живи и здрави во утробата, но за жал, Вилијам се родил со повеќе абнормалности.

„Левата страна од срцето не му функционираше“, споделува Линдзи.

Докторите им кажале на сопружниците од Охајо, САД, дека едното од децата ќе се роди како мртвороденче.

„Тие рекоа дека гледаат нешто што не е во ред со неговото срце и ме пратија на одделението за фетална медицина“, објаснува таа.

Но, Вилијам не се родил како мртвороденче, што е чудо само по себе. Сепак, тие знаеле дека нивното дете умира. Но, барем ја имале можноста да минат единаесет дена заедно во нивниот дом, толку им било дадено.

„Тоа беа единаесетте најсреќни дни во мојот живот“, вели Метју. Со цел да ги овековечат миговите кои ги минале заедно, тие повикале локален фотограф, и ги снимиле следните фотографии.

bb01 bb02 bb03 bb04 bb05 bb06 bb07 bb09 bb11 bb12 bb13 bb14

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено