Човек седи на брегот на реката и лови риби со две јадици. Едната ја фрлил во водата, а другата зад себе на брегот. Минува друг и од љубопитност прашува:
– Кажи ми зошто фрлаш јадица и на брегот, тоа не е логично?
– Не кажувам, тајна е.
– Ќе ти дадам 100 денари, само кажи ми – го гризе љубопитноста.
– Добро, дај!
Овој му ги дал парите и чека одговор.
– Со јадицата во водата од сабајле ништо не фатив, ама со другата ти си петтиот за денес…

Сподели на Facebook
пати видено