Непријатниот инцидент бил снимен од случаен минувач пред трговски центар во провинцијата Хунан, Кина. „Новопечен“ богаташ сакал да ја имперсионира неговата девојка така што ја запросил со балони, рози, огномет и Ламборгини. Но, оваа девојка има чувство за вистинските вредности во животот и го одбива дрскиот богаташ.

Првин девојката љубезно го одбива велејќи му: „Извини, не сакам. Извини.“. Но, богаташот не прифаќа „не“ за одговор и ѝ вели: „Ти го купив омилениот спортски автомобил! Имам пари! Ќе ти купам вакви автомобили колку сакаш.“ На ова девојката одлучно му враќа: „Па што ако имаш пари?“, и потоа си заминува.

Но, драмата не завршува тука, додека пријателите на човекот се обидуваат да го утешат. Богаташот почнува да фрла сѐ околу него, а букетот цвеќе го фрла кон личноста која го снима целиот инцидент.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено