Секоја година сопствениците на ресторани во Балтимор, САД, со душа ја чекаат „Неделата на рестораните“, време кога се изложува градската храна и кога сопствениците добиваат можност за огромна бесплатна реклама и стекнување на нови потрошувачи.

Наместо во таа прилика да наплатува и да се обиде да заработи што е мпжно повеќе, како што прават сите други, Мајкл Табрици, сопственикот на „Табрицис“ го затвори својот ресторан за јавноста со цел бесплатно да ги храни бездомниците.

Baltimore Restaurant Shuts Down For 5 Days To Feed The Homeless Free Food

„По сиот тој хаос на почетокот на годината, решив дека би било подобро да се стори нешто за градот, да се обединат луѓето. Сега не ни се најважни приходите и парите, ресторанската недела ја направивме една недела порано и ги знаеме бројките, а сега е поважно да се унапреди добросостојбата на градот и неговите жители, а не да се унапредуваат и промовираат бизнисите“, изјавува Табрици за Балтимор Магазин.

„Овие луѓе не страдаат само од глад, туку и од безнадежност, тие чувствуваат дека повеќе немаат достоинство. Сакаме да дојдат кај нас и да почувствуваат дека некој се грижи за нив“, додава тој.

За да обезбеди бесплатна храна, Табрици се здружил со локалните засолништа за бездомници, кои за каузата подариле храна и дел од своето време.

„Главната цел е едноставно да им се покаже на луѓето дека делата се важни. На Балтимор му претстои долго време за да закрепне, и не можеме само да очекуваме другите да нѐ водат, ова е наш град. Татко ми имаше обичај постојано да вели `Не можеш да контролираш што луѓето ќе прават или ќе зборуваат, но можеш да контролираш што ти ќе правиш.` Мојата реакција се состои во тоа да ги собирам луѓето заедно и да им покажувам дека ми се важни.“ вели Табрици.

Добротворниот настан се одржа помеѓу 20 и 25 јули.

Сподели на Facebook
пати видено