Единаесетгодишната Сара Кејт е тркачка и е дел од тркачкиот клуб на училиште. Таа тренира со нејзината мајка и учествува на трки. Тоа што е изненадува е дека сето тоа го постигнува и покрај тоа што боледува од церебрална парализа, невролошко заболување коешто одењето и трчањето ги прави да се речиси невозможни. Речиси!

Држејќи се до нејзиното омилено мото „До целта стигни силен, никогаш не запирај“, Сара Кејт неодамна учествувала на трката на десет километри на runDisney. Ниту еднаш не си помисли да седне долу, и покрај близината на нејзината инвалидска количка. Кога се приближи до целната линија додека луѓето ја бодреа на секој чекор, таа одговори со засилување на темпото и ја помина линијата со огромна насмевка на лицето.

Сподели на Facebook
пати видено