Секој сочувствува со луѓето погодени од трагедии и војна, но во Европа се случува нешто за што во медиумите не се зборува многу. Во цели квартови во градови како Амстердам, Малме, Париз, Лондон полицијата не смее ни да припари. Во тие „исламски делови“ муслиманите организираат „исламска полиција“ којашто ги малтретира Европејците ако бидат фатени како пијат алкохол или се „несоодветно облечени“. Во последно време има и епидемија на силувања, при што Малме го нарекуваат „главен град на силувањата“. А сепак, доколку некој посочи на овие нешта, активистите на левицата тоа го нарекуваат „расизам, нацизам, нетрпеливост, дискриминација“ и сл. Што ѝ се случува на Европа?