Оскар Сакселби Ли е 5-годишно момче од Ворчестер, кое страда од акутна лимфобластна леукемија. Неговите родители, Оливија и Џејми Ли Сакселби првобитно станале загрижени кога забележале помодрување и модринки на телото на нивниот син и не можеле да ја објаснат оваа појава, при што по посетата на доктор, на 28-ми Декември официјално им било соопштено дека нивниот син боледува од реток вид на рак.

Односно Т-клеточна акуткна лимфобластна леукемија и уште веднаш бил подложен на третмани на хемотерапија, но докторите рекле дека сепак ќе мора и самите третмани да бидат поагресивни за да успее болеста да се победи.

Леукемијата која уште се нарекува рак на крвта, може да се третира со матични клетки по пат на земање на истите од донатор што одговара и се пресадуваат на пациентот, со цел да ги заменат болните крвни ќелии, што пак се отстрануваат преку хемотерапијата.

Моментално станува збор за буквална трка со времето за да се најде донатор чии матични клетки ќе одговараат со оние на Оскар.

Видот на леукемија од која тој страда, покрај тоа што е ретка, веќе ја зазела и својата агресивна форма, при што докторите му даваат рок од 3 месеци за пронаоѓање на соодветниот донатор кој ќе му го спаси животот.

Луис Вајт кој помогнал да се организира хуманитарната акција изјавил: “Мојот пријател работи во “Посети го Ворчестер” и беше прашан дали Гилд Хол ќе биде добро место да се одржи настанот, а јас и пренесов на Оливија, мајката на Оскар. Ме праша дали ќе можам да го организирам и реков да!”.

По неколку недели планирање, поставени барања на социјалните мрежи за волонтерство, веќе беше создадена кампањата “Рака под рака за малиот Оскар” и за краток рок хуманитарната акција имаше околу 50-тина возрасни и ученици кои помагаа во организирањето, брзината на акцијата, како и доделување освежителни пијалоци на учесниците.

Родителите се чувствуваат премногу благодарни и велат дека е неверојатно колку многу луѓе покажале грижа, се откажале од своето време, за да дојдат да се тестираат, се со цел сите да му помогнат на Оскар и дека е едноставно прекрасно и неверојатно во исто време.

Секоја година, околу 650 луѓе во Британија страдаат од овој брзорастечки агресивен рак кој предизвикува голем број неразвиени бели крвни клетки ослободени од заболената коскена срцевина и предизвикуваат симптоми на замор, потешкотии при дишењето, бледа кожа, треска и болка во зглобовите и коските.

Оскар сега за сега, примил 20 трансфузии на крв и има поминато 4 недели од хемотерапија. Да се надеваме дека ова младо и храбро момче ќе ја освои битката со лошата болест и повторно ќе се врати назад да биде нормално детенце што деновите ќе ги поминува играјќи си со другарчињата.

Сподели на Facebook
пати видено