Локалните власти во една централна област во Гана им забраниле на девојките да ја преминат реката додека се во менструален циклус, поради верување дека на „Речниот Бог“ тоа не му се допаѓа. Девојките сега тврдат дека пропуштиле 20 од 60 дена од школските часови поради забраната.

Традиционалните лидери, исто така, им забраниле на девојките да ја преминуваат реката во вторниците, затоа што и тоа „било наредено“ од богот Богот кој управува со реката. „Понекогаш мислам дека треба да побараме некој вид одговорност од овие богови кои продолжуваат да спречуваат многу работи да се случуваат, за да се објасни како ја користат огромната моќ што им ја дадовме.“, изјавила Шамима Муслим Алхасан, Амбасадор за Менструална Хигиена (Unisef). Таа додава дека религијата ги спречува овие девојчиња да добијат соодветно образование.

Обединетите нации проценуваат дека 10% од сите девојчиња во субсахарска Африка губат од школувањето во текот на нивниот менструален циклус, што се акумулира на вкупно 20% од училишните денови во текот на годината. За жал, постојат случаи кога застарените перцепции и практики околу менструацијата предизвикале смрт. Жена починала во едно оддалечено село во Непал, поради традицијата во која жените се прогонети од своите домови и принудени да живеат во колиби за време на менструацијата.

21-годишната жена го изгубила животот од вдишување на голема количина на чад од оган кој го запалила во колибата, за да се загрее на лдното време во планинското село откако била прогонета. Оваа „традиција“ наречена Чаупади е забранета од страна на државата, но уште се практикува во западен Непал. Жените во тој период се сметаат за „нечисти“ и не смеат да комуницираат со мажот, животните, не смеат да влегуваат во домот и се ставени на строга диета, поради тоа што не смеат да „загадат“ одреден вид на производи.

Сподели на Facebook
пати видено