Ана Хавез е матурантка од Аркансас, која што минатата недела била на матурска прослава со својот пријател Филип Фримен, кој што е црнец. Кога нејзиниот татко, со кого таа повеќе не живее, ја видел сликата, тој збеснал и испратил неколку пораки на Ана.

*Пораките се преведени од англиски.

Ана објаснува дека таа и нејзиниот татко не комуницираат многу по разводот со нејзината мајка. Тој секогаш бил расистички настроен, но никогаш не изрегирал така како што изреагирал сега.

„Ова ме прави многу тажна затоа што не можам да верувам дека некој може да мрази друга личност само поради бојата на кожата. Мајка ми беше запрепастена, но не можеше ништо да направи. Важно е луѓето да видат дека расизмот е сеуште жив.“, вели Ана.

Сподели на Facebook
пати видено