Една девојка предизвика револт кај љубителите на животни откако позирала со жива мечка, шише шампањ во будна од природно крзно.
Видеото, кое се појави на профилот на Инстаграм „Богати деца на Лондон“, прикажува како жената позира и се мести додека мечката лежи до неа на ледената земја.
Некои корисници на социјални мрежи ја обвинија жената за суровост и тврдеа дека животното е под седативи, бидејќи не се однесува како нормална мечка.
Други шпекулираат дека станува збор за „припитомена мечка“ која ја чуваат како „домашно милениче“. Исто така имало повеќе критики дека е многу нехумано што позира со живо животно додека носи крзно од некое мртво животно. Профилот „Богати деца на Лондон“ редовно објавува содржини со животот на „привилегираните деца“, кои се фалат со своите автомобили, пари, предмети и слично. Видеото најверојатно е направено во Русија.


