Бамако, Мали – Акон Осветлување е името на новата иницијатива која се презема од страна на раперот Акон со која се цели да се обезбеди сончева енергија за над 600 милиони Африканци и да се создаде основа за напредна иднина.

Rapper Akon Opens Academy to Provide Solar Power to 600 Million Africans

Сместена во Бамако, Мали, Соларната Академија ќе им помогне на африканските инженери и претприемачи да се стекнат со вештини кои ќе им овозможат да произведуваат сончева енергија. На учесниците при рака ќе им бидат експерти кои ќе им помогнат во поглед на учењето и опремата.

Целта за која се залага академијата е на африканскиот народ да му даде нешто што нема да избледнее; трајни вештини за луѓето и инфраструктура која ќе вроди со уште повеќе. Целта е да се научат луѓето да одржуваат соларни системи за добивање на електрична енергија. Во рурална Африка, оваа технологија станува сѐ позастапена.

„Го имаме сонцето и иновативни технологии кои ќе донесат струја во домовите и заедниците. Сега мораме да ја консолидираме африканската експертиза“, вели Самба Баитили, ко-основач на иницијативата.

„Од Африканците кои ќе дипломираат на овој центар очекуваме да развијат нови и иновативни технички решенија“, изјави Тионе Нианг, третиот ко-основач.

Ова не е милосрдие. Доколку ова е искрено, а не само уште една измама за добивање публицитет, тогаш тоа е препознавање и дејствување во согласност со граѓанската должност со која се раѓа секој човек – да се грижи за својот народ. Оваа фондација не само што може да постави основа не само за унапредување на животниот стандард на милиони, Африканци, туку може да создаде услови за иден економски развој.

Да се надеваме дека ова ќе ги инспирира богатите и успешни луѓе да го употребуваат нивното богатство за создавање на нови можности: да поставуваат основи за напредок кој ќе расте и цути, за добро на човештвото.

Сподели на Facebook
пати видено