Радикален нов пристап кон инвитро оплодувањето им дава на жените повеќе од 50-50 шанси за бременост по прв пат. Клиниката во Лондон сега стана прва која рутински ја усвојува процедурата за време на третманот, откако испитувањето покажало дека ја зголемува стапката на бременост за повеќе од половина.

Експертите откриле дека замрзнувањето на ембрионите и чекање најмалку еден месец пред имплантирање на првиот, им помогнало на женските тела да се опорават по првата фаза на третманпт за плодност. Докторите во Кембриџ откриле дека оваа пауза во процесот значително ја зголемило стапката на бременост.

На /ените подложени на вештачко оплодување обично им се става свеж ембрион пренесен во, матката во рок од една недела по земањето на јајцата. Но клиниката за вештачко оплодување, која е дел од Фондацијата за универзитетски болници во Кембриџ, откри дека чекањето на телото да се опорави ги подобрува шансите на жената да забремени.

Лекарите велат дека високите стапки на успех значат дека за првпат двојките можат да започнат третман за плодност, знаејќи дека е поверојатно дека ќе успеат отколку да не успеат. Техниката, која вклучува вградување на првиот ембрион најмалку еден месец по третманот со плодноста, резултирака со бременост од 62 проценти од случаите, споредено со помалку од 41 процент, користејќи ја „старата“ техника.

Консултантот ембриолог Стивен Харботил од Кембриџ, кој го предводел истражувањето, вели дека ова е највозбудливиот развој што тој го сведочел за 25 години.

Минатата година тие примиле 147 жени, на возраст меѓу 24 и 45 години, да учествуваат во 18-месечен пилот-тест на процесот „замрзнување“, за да видат како тоа влијае на нивните шанси за плодност. Како резултат на тоа, 62 отсто од жените забремениле, со подобрени стапки на успех кај жените од сите возрасти, велат истражувачите.

Кери Суарез е една од жените која успешно останала бремена со помош на оваа техника и добила прекрасен син, Емилио, откако претходните 3 обиди со стандардната техника биле неуспешни.

Кери и Емилио

Овој третман моментално е достапен само во Англија и чини дополнителни 245 фунти од првичните 2.500 фунти кои се потребни за да се добие третманот за вештачко оплодување.

Сподели на Facebook
пати видено