Пријателски расположен работник во Мекдоналдс наишол на големо одобрување на Фејсбук откако сестрата на еден аутистичен тинејџер ја изразила својата благодарност за неговата љубезност. 20-годишниот Алекс Грифит бил само две седмици на неговото ново работно место кога покажал особена грижливост и внимание кон 16-годишниот Алекс Дејис, охрабрувајќи го сам да си ја нарачува храната и да ги изброи парите, воопшто не брзајќи го.

Покрај тоа, тој се потрудил да запомни точно како момчето си го сака својот „Среќен Оброк“. Внимателноста оставила силен впечаток врз Кети, сестрата на Алекс, па така таа испратила порака од срце заблагодарувајќи му се нему и на компанијата. Таа напишала:

„Да се изведе Алекс на било кое место може да биде тешка задача, и вообичаено купуваме од кола, но Алед направи да ни биде забавно и пријатно и на двајцата, а Алекс уживаше во храната без да мора да трпи чудно да го изгледуваат и коментираат за него.“

md01 md02 md03

Сподели на Facebook
пати видено