Пушењето марихуана го зголемува ризикот за мозочен удар бидејќи ги стеснува артериите во главата, се предупредува во нова научна статија. Според проучувањето на настраданите од мозочен удар, 45 отсто од нив кои имале затнати крвни садови биле корисници на марихуана, во споредба со 14 отсто кои не пушеле марихуаа. Исто така, студијата заклучува дека корисниците на марихуана во просек претрпуваат удар на помлада возраст во спредба со луѓето кои не ја користат оваа дрога.

m01

Овој пристап би можел да им помогне на истражувачите да ги идентификуваат можните механизми на мозочниот удар и како да го спречат. Истражувањето било спроведено во универзитетската болница во Стразбург, при што биле прегледани пациентите под четириесет и петгодишна возраст кои биле примени по претрпен исхемичен мозочен удар во периодот 2005-2014 година. Од 334 пациенти, 58 биле корисници на марихуана. Исхемичниот удар е предизвикан од блокирање на крвотокот во мозокот, за разлика од хеморагичниот удар кој претставува излив на крв во мозокот од оштетен крвен сад.

m02

Кај пушачите на канабис, исхемичниот удар најчесто е предизвикан од стеснување на артериите во главата. Пушачите на марихуана биле помлади, најчесто припадници на машкиот пол, најчесто пушеле и цигари и имале поризичен стил на живот во споредба со другите.“

Сподели на Facebook
пати видено