Како што рекла писателката Дороти Паркер: „мажот и да може да разбере што мисли една жена, сепак не би поверувал.“

Но, психотерапевтот од Санкт Петерсбург Аглаја Датешидзе беше во можност да собере сè што една жена мисли, во неколку редови.

Си живеела еднаш една девојка. Таа сонувала да научи да танцува, но премногу бавно се движела кон нејзината цел затоа што била мрзелива. Понекогаш станувала во 7 часот наутро, ги бидела децата, ги носела во градинка, ја вклучувала машината за миење садови, одела да пазари, подготвувала вечера, малку работела, го слушала мажот навечер, ги проверувала домашните задачи, им читала на децата книга за добра ноќ и го бришела подот. А потоа ползела до креветот и се жалела: никогаш не танцував. Мрзелива, како што ви кажав!

Си живеела еднаш една девојка. Таа немала срам, вина и совест. Но имала сѐ друго.

Си живеела еднаш една девојка. Таа мислела дека управува со светот. И се испостави дека таа само се напрегала, обидувајќи се да контролира сѐ што не зависи од неа.

Си живеела еднаш една девојка. И никој не си играл со оваа девојка. Девојката била многу вознемирена додека не сфатила дека таа не си игра со никого. И почнала.

Си живеела еднаш една девојка. Еден ден таа си изморила. Потоа седнала да размислува што да прави. А всушност да не прави ништо ѝ било најпотребно.

Си живеела еднаш една девојка. Таа била пионер: таа секогаш била подготвена, секогаш во право, секогаш прва, таа секогаш го одржуваше својот збор, секогаш даваше пример. На кратко, било многу тешко со неа…

Си живеела еднаш една девојка. Таа се родила грда. Плачела и тагувала, но решила да се грижи за себе како да е убава: да се мие, да се чешла, да си купува подароци, да с еоблекува соодветно. Така таа живеела и по некое време се омажила. Мажот ја соблекол девојката, но таа и под облеката била убава. И никој не бил изненаден, освен оваа девојка.

Си живеела еднаш една девојка. Таа работела напорно и малку спиела. Потоа таа одлучила да купи топло палто и скап автомобил со греење на седишта. Понекогаш, таа излегувала од дома во 5 часот наутро, се обвиткувала во топол капут, седнувала во скап загреан автомобил и се обидувала да се насмее самата себеси, но сѐ уште посакувала да може да спие.

Си живеела еднаш една девојка. Таа барала валкан трик во сè … И таа го пронаоѓала.

Си живеела еднаш една девојка. Таа била благородна. Премногу паметна за да се прегрнува во диско, да танцува боса на плажа, да пие вино со непознати, да се заљуби во лошо момче, да се смее на глупави шеги, да прави глупости. Еден ден таа созреала и престанала да се однесува благородно и си дозволувала сѐ што ќе посака. Од некоја причина таа тогаш станала уште поблагородна.

Си живеела еднаш една девојка. Таа секогаш била суетна. Така никогаш во ништо не успеала.

Си живеело еднаш едно момче. Тој секогаш добро ги разбирал жените. Ги шетал лево-десно. Но, еден ден тој фатил сосема несфатлива жена. Толку неразбирлива што тој се трудел и се трудел да ја разбере и на крајот се оженил со неа за да може подобро да ја разбере.

Сподели на Facebook
пати видено