Работата е еден од главните извори на стрес кај возрасните. Во студијата на Американската психолошка асоцијација, било откриено дека поголемиот дел од испитаниците го искусуваат стресот на работа во 8-10 поени на скала од 10 точки, а тоа, се разбира, влијае врз семејните односи.

Во оваа статија, ќе ви објасниме како да го задржите мирот во куќата, ако на работното место владее целосен хаос.

1. Бидете искрени со вашиот партнер

Имаме глупава навика да се криеме од целиот свет кога сме во лоша состојба. Механизмот на самоодбрана функционира, и изгледа ккао да носиме оклоп. Ние се муртиме и молчиме. Наместо тоа, само треба искрено да ги споделиме нашите искуства со партнерот. Важно е да не го занемарувате проблемот или пак да го преувеличувате, едноставно бидете искрени пред вашите сакани.

2. Бидете особено свесни во тежок период

Генерално, свеста е многу важна работа ако сакате да живеете во хармонија. И во тешки периоди тоа е особено неопходно. Кога сме под стрес или се лутиме или пак се затвораме во себе. Во овие ситуации треба да се запрашаме: Од што се плашиме кога се браниме од партнерот? Што всушност ни пречи во неговото однесување? Набљудувајте и споделете го резултатот со саканата личност.

3. Информирајте го партнерот

Зборувајте. Ако во следните неколку недели ќе имате ужасни проблеми на работа, кажете му на вашиот партнер дека ќе ви треба многу љубов, спиење и помош околу куќата. Останете во контакт со едни со други – ова, се чини, е толку очигледна работа, но поради некоја причина ние често забораваме на тоа.

4. Разграничување на работата и просторот за одмор

Во периодот на стрес, назначете си за себе просторот во кој сте заштитени од надворешниот свет. Вашиот дом е место за вашиот мир. Ова не значи дека зборувањето за работа е табу, но тоа значи дека дома свесно се префрлате на режим на „обновување“.

5. Разговарајте со партнерот на апстрактни теми

Не заборавајте на вашето хоби, омилени книги, омилени места. За време на стресот нема да имате вишок енергија за да правите екстремни работи, но немојте да се откажувате од прошетка со партнерот. Неопходно е да се живее исполнет живот надвор од работа за да можете да се рестартирате.

6. Одвојте малку време за мали ритуали

Не, не медитација пред спиење или тренингот после работа. Овие „ритуални обврски“ ќе ја „изедат“ вашата енергија. Направете своја ритуална омилена игра. Играјте се со мачката, јадете ги вашите омилени слатки, гледајте фотографии од детството или стар омилен филм и слично.

7. Бидете романтично расположени

Многу е важно во овој период да не ја изгубите искрата која што ја имате со партнерот. Ова не значи дека треба да ги опсипувате со подароци и скапи вечери туку дека треба да ги потсетите на првите денови од вашата љубов, како да пример да го гледате вашиот прв филм повторно или да танцувате на омилената песна.

Сподели на Facebook
пати видено