Секоја наша одлука подложи на одредени последици. Понекогаш од преголема желба да ја донесеме вистинската одлука, всушност донесуваме погрешни одлуки, кои можат многу едноставно да бидат објаснети од гледна точна на психологијата.

Ефектот на несигурност

Ефектот на несигурност е феномен кој влијае на нашата способност да донесуваме одлуки врз основа на тоа што ќе биде ефектот од нив. Ако постојат две опции пред нас и знаеме каков е ефектот на едната, но немаме поим каков ќе биде ефектот од другата, многумина од нас ќе ја изберат првата опција, без разлика колку е позитивен ефектот од втората опција.

Тоа е она што нè тера да се плашиме да ризикуваме. На пример, ако одлучиме да инвестираме во берза, повеќето од нас ќе инвестираат во нешто што е веќе познато, наместо нова технологија за која не знаеме дали ќе биде успешна.

Ефектот „ИКЕА“

Вашата баба решила да ви сплете џемпер за Божиќ, но кога ќе го отворите подарокот вашата реакција не е онаа која што таа ја очекувала. Ова е т.н „ИКЕА“ ефект. Тоа е затоа што секој од нас го цени најмногу она што тој го создал со двете раце и не ги гледа неговите недостатоци. Ние обично ги цениме овие рачно изработени работи многу повеќе од фабрички изработените. Самото создавање на нешто не само што вклучува љубов, туку е и демонстрација на нашите способности и вештини.

Ефектот на ИКЕА важи и за идеите. Затоа вашиот шеф не ја прифаќа идејата на тимот, колку и да е неверојатна, туку ќе оди според сопствената идеја. Потребата да се докажеме често нѐ спречува да ја донесеме вистинската одлука.

Реченици со рими

Светот е шокиран кога О.Џ. Симпсон е прогласен за невин по обвинението за убиство, но психолозите сметаат дека неговото ослободување има многу врска со едноставна фраза: „Штом ракавицата не му е точна, мора да биде ослободен“(англиската реченица со рима: „If the glove doesn’t fit, you must aquit”).

Некои студии укажуваат на тоа дека луѓето имаат тенденција да ги прифаќаат фразите во кои има рима за поверодостојни. Феноменот често се користи во реклами. Кога мотото се римува, луѓето потсвесно претпоставуваат дека рекламираниот производ ја заслужува нивната доверба.

Примамливиот ефект

Да претпоставиме дека треба да изберете помеѓу два ресторана. Во едниот храна е многу вкусна, но тој е многу далеку од вашиот дом. Вториот е поблиску, но храната не е толку добра. Изборот е тежок додека не се појави трета опција – ресторан каде што храната е многу лоша и се наоѓа некаде помеѓу првите два ресторана.

Споредбата на првите две можности со третата, го менува текот на настаните. Отпрвин, сè беше јасно за што станува збор- или храната или оддалеченоста на ресторанот. Но, со појавата на трета опција, ситуацијата е доведена до ресторанот кој ќе „ги порази“ другите два. Најочигледен избор е вториот ресторан – каде што храната е подобра од третиот и е поблиску од првиот ресторан.

Затоа, третата опција е толку важна за донесување на одлука. Кога можеме да избереме помеѓу две опции, третата е секогаш средство за споредување на првите две опции. Затоа донесуваме одлука, мислејќи на самите опции, наместо на она што навистина го правиме. Ако третата опција не постои, најверојатно ќе го избереме местото каде што храната е подобра, дури и ако е подалеку.

Ефектот Пелтман

Именуван за професорот Сем Пелтман од Универзитетот во Чикаго, ефектот тврди дека премногу уреди / предмети поврзани со безбедноста доведуваат до повеќе инциденти и повреди поради чувството на непобедливост што тие ни го носат. Кога се чувствуваме непобедливи, поверојатно е да ризикуваме и да правиме грешки во нашето расудување.

Сподели на Facebook
пати видено