Колку и да се прекрасни, есенските лисја можат да бидат вистинска главоболка кога ќе се затнат шахтите и кога ќе дојде време да се чистат дворовите. Но Јапонија најде начин како да го претвори овој сезонски наплив на отпад во вкусна закуска со пржење на нивните јаворови лисја во малку засладено тесто.

Ужинката, којашто е деликатес специјализиран во областа Осака, се приготвува преку пржење на лисја од јапонски јавор во тесто за поховање. Експертите од градот Мино во Северна Осака ги чуваат лисјата една година во буриња со сол, но според други рецепти, овој долготраен чекор не е неопходен.

Доколку сакате да се обидете да ги приготвите, едноставно брцнете ги исчистените и исушени лисја од јавор во засладено тесто и испржете ги во жешко растително масло, а по желба можете да додадете и јаворов сируп. За подетален рецепт, погледнете на овој линк

01а

02а

03а

04а

05а

06а

07а

09а

Сподели на Facebook
пати видено