Сечењето на неколку штици и нивното спојување очигледно не бил доволно голем предизвик за Џон Крубсак од Висконсин. Овој човек имал неверојатно трпение и страст. Како инаку би се објаснил фактот дека чекал 11 години за да заврши едно парче мебел?

Тој ги здружил силите со Мајка Природа и наместо шајки и пила ги користел почвата и сонцето како алатка. Резултатот бил создавањето на првиот „жив стол“. Џон Крубсак бил истакнат натуралист, тој се занимавал со пејзажно дизајнирање на неговиот имот, исто така тој правел домашно сирење и изработувал мебел. Тој почнал во 1903 година а го „одгледувал“ столот се до 1914 година.

Откако му покажал стол кој тој го направил, на негов пријател, Џон изјавил: „Проклетство, еден ден ќе одгледам парче мебел, кое ќе биде подобро и посилно од било кое друго, кое што човечките раце можат да го направат.“ Тоа бил моментот кога се појавила неговата идеја за „живото столче“, според писмо испратено од синот на Крубсак, Хуго до неговиот внук Денис, во 1975 година.

Ова е детален опис на процесот што го дава самиот Џон Крубсак: „Откако насадив 32 дрвја, ги оставив да пораснат 2 метри, пред да започнам со изработката на столот. Во пролетта 1908 година, постепено почнав да работам на обука на млади и свитливи стебла да растат постепено во облик на стол. Поголемиот дел од оваа работа се состоеше во свиткување на стеблата на овие дрвја и врзување и калемење заедно за да растат, ако е можно со сите зглобови зацементирани од природата. Ова во голема мера беше експеримент за мене и со голем интерес гледав како на природата и помагам да одгледа парче мебел.“

Столот на Џон Крубсак именуван од јавноста како „Столот кој растеше“ ја имал својата прва голема јавна изложба на Светскиот саем во 1915 година во изложбата за природна историја. Неговиот син Хуго го придружувал на изложбата и му помагал на Џон во разни аспекти од проектот за растечкото столче вклучувајќи го промовирањето, па дури и контактирање на Роберт Рипли, кој ја раскажал приказната во колумната „Верувале или не“.

Џон а подоцна и неговиот син Хуго, добиле големи понуди за да го продатат столчето, но ги одбиле. Хуго ја задржал сопственоста додека не дозволил неговиот внук Герхард А. Крубсак да го купи и да го употреби за промовирање на својот бизнис со мебел. Столот последен пат бил виден во истата компанија во сопственост на потомците на Џон Крубсак, Стив и Денис Крубсак, ставен во посебно стакло за да биде заштитен.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено