„ReTuna Återbruksgalleria“ е првиот трговски центар во светот каде што ќе се продаваат рециклирани и веќе користени производи. Со овој потег ќе се намали непотребното полнење на депониите, ќе се подобри економијата а ќе се заштити и животната средина.

Затоа што луѓето од современите општества веруваат дека секоја работа што ја поседуваат треба да е нова, голем дел од апарати, облека и предмети во одлична состојба се фрлаат. Некои од луѓето ги носат и во продавници за половна облека, доколку ги најдат, но најчесто нивниот дом е депонијата.

Шведска нашла одличен начин да се справи со овој проблем, со „ReTuna Återbruksgalleria“ каде што се продаваат само вакви производи. Во трговскиот центар има кафуле и ресторан каде што можете да се одморите од купувањето. „ReTuna Återbruksgalleria“ има околу 50 продавници за рециклирани и половни производи.

„Нашата идеја е дека купувачите можат да остават мебел или пак облека која не им е потребна. Потоа прават круг околу трговскиот и си наоѓаат што им е потребно. Можат и да отидат на органски ручек во нашиот ресторан за да соберат сила за уште еден круг. Кога ќе заминат од трговскиот сакаме луѓето да се чувствуваат дека направиле нешто корисно за околината.“, вели Ана Бергстром менаџер во „ReTuna Återbruksgalleria“.

 

Сподели на Facebook
пати видено