На 3 ноември 1988, 23-годишниот дипломец по име Роберт Тапан Морис на интернет пуштил компјутерска програма којашто штотуку ја завршил. Воопшто немал претстава дека пушта вирус кој засекогаш ќе го промени интернетот.

crv01

Разуздан вирус

Во раните утрински часови на 3. ноември 1988, харвардскиот компјутерски научник Енди Садет набљудувал како мистериозна програма ги обеспособува компјутерите ширум САД. На интернет постирал смрзнувачка порака: „Можеби има вирус на интернет“.

crv02

Експериментот тргнува наопаку

Вечерта пред тоа, Садет примил вознемирувачки повици од неговиот пријател и колега Роберт Тапан Морис. Морис бил дипломец на Корнел и брилијантен компјутерски научник. Тој ненамерно пуштил програма која го рушела интернетот, компјутер по компјутер.

crv03

Франкенштајн

Морис создал програма која функционирала како анкетен прашалник, со цел да ја процени големината на интернетот. Во 1988 г. интернетот бил чисто академска средина и речиси немало никакви мерки за безбедност. Хакирајќи ги email адресите на корисниците – со неколку грешки во кодот – Морис создал вирус „црв“, програма способна да се копира себеси до бескрајност во беспомошниот систем.

crv04

Место на нападот

Морис го пуштил вирусот – наскоро именуван „црв“ – од Институтот за технологија во Масачусетс. Оттука диво се раширил, напаѓајќи ги VAX компјутерите кои работеле со оперативните системи SUN3 I и 4 BSD верзијата на Unix.

crv05

Обединетиот Unix

Битката против црвот продолжила на универзитетот Беркли. Компјутерските научници се собрале на конференција која првично била наменета општо за оперативниот систем Unix. Но кога црвот го нагризал нивниот систем, персоналот на Беркли набргу го преместиле центарот на нивното внимание врз мистеризниот натрапник.

crv06

Дисекција на црвот

Хакерите на Беркли, МИТ, Пердју и Универзитетот на Јута се собрале на 4. ноември за да се обидат да разберат на кој начин вирусот се пробил во нивниот систем. На Пердју, Спафорд организирал обид да најдат начин да го спречат.

crv07

Клонирање

За разлика од традиционалните компјутерски вируси коишто можат да се активираат само кога корисникот ненамерно ќе ги активира, црвот на Морис се активира самиот себеси. Штом навлегол на интернетот, започнал самиот да пребарува по него, барајќи да инфицира други компјутери.

crv08

Конзерва црви

Спафорд и неговиот тим увиделе дека црвот на Морис бил толку опасен бидејќи имал способност бескрајно да се размножува на секој компјутер. Со толку многу програми кои го полнеле компјутерот, неговите процесивни моќи се намалувале, за на крај системот целосно да падне. Дури и кога техничарите ќе успееле да го исчистат компјутерот, неговата способност да се шири помеѓу компјутерите значела дека црвите наскоро пак можат да го инфицираат.

crv09

Големиот црв

Компјутерските научници наскоро на црвот на Морис му го дале името „Големиот црв“, според Ската и Глаурунг, двата моќни змејови во Средната Земја на Толкин.

crv10

Добри намери

Морис немал намера да создаде вирус кој ќе го осакати интернетот. Како што често се случува во светот на технологијата, и тука првичната идеја била со добри намери, но набргу злобните хакери сфатиле дека можат да го применат кодот за свои цели. Подоцнежните компјутерски вируси како “Code Red”, “Welchia,” и “ILOVEYOU” функционирале по пат на пробив и размножување преку email профилите. Во исто време, тоа било аларм за интернет заедницата дека треба да се развијат безбедносни мерки.

crv11

Супер црв

Еден црв успеал да ја постигне целта којашто ја имал Морис, иако за тоа биле потребни две децении. Црвот Conficker, за првпат создаден во 2008, денес е сѐ уште активен. Успеал да создаде т.н. „botnet”, или компјутерска мрежа контролирана преку далечинска врска.

crv12

Судење

Морис бил обвинет според Актот за компјутерска измама и злоупотреба од 1986 година и бил осуден во 1990. Неговите пријатели и соработници како Пол Граам го бранеле неговото дело, истакнувајќи дека црвот е само љубопитност која тргнала наопаку. Морис денес е успешен професор по компјутерски науки на универзитетот M.I.T. и основач на успешни компании како Y Combinator.

crv13

Откако се кренал чадот

По нападот на црвот на Морис, Агенцијата за напреднато истражување на проекти (DARPA) го формирала Координативниот центар CERT/CC кој проактивно ги штити компјутерските системи од напади како црвот на Морис.

Сподели на Facebook
пати видено