Овие чудесни фотографии прикажуваат бестрашен скијач како се спушта по речиси вертикалната падина од врвот Дент Бланш на швајцарските алпи, нешто што се случува за прв пат во историјата на скијањето. Швајцарскиот скијач Жил Сиеро се искачи до врвот, што е исто така опасно по живот, по што направи спуст од кој застанува здивот.

Се разбира, пред подвигот тој добро се подготвил, запознавајќи се со теренот, квалитетот на снегот, скриените карпи и слично. Со својата закосеност од шеесет степени, патеката долга шестотини метри е исклучително тешка за управување, дури и за искусен професионален скијач како Сиеро. Подвигот бил снимен од професионалниот фотограф Давид Карлиер, 43-годишен фотограф од Швајцарија чијашто специјалност се авантурите и екстремните спортови. „Бев сведок на неверојатен подвиг и ми беше чест да соработувам со толку почитуван скијач специјалист“, вели тој.

sk01 sk02 sk03 sk04 sk05 sk06 sk07 sk09 sk10

Сподели на Facebook
пати видено