Microsoft Windows е оперативниот систем кој преовладува во Кина, но кинеската влада се обидува да ја поттикне употребата на замени во домашно производство. Најпопуларниот кинески оперативен систем е наречен NeoKylin и еве преглед како изгледа тој.

NeoKylin е производ на компанијата China Standard Software од Шангај. Погледнете го екранот за логирање. Овој софтвер одамана е дел од надежите на кинеската влада за успешен оперативен систем во домашно поизоство. Ова најмногу беше поттикнато од престанокот на поддршка за Windows XP – сѐ уште во широка употреба во Кина – како и притисокот на кинеската влада за што помала зависност од странската технологија, пред сѐ од безбедносни причини.

q01

Сега NeoKylin почнува да се смета за пристојна опција дури и од страна на обичните корисници, а не само владините службеници. Целата адмиистрација во градот Сипинг се префрли на овој оперативен систем, а преку четириесет отсто од компјутерите на Дел во Кина се продаваат со NeoKylin.

Како изгледа неговата употреба? Во основа се работи за директна замена за ХР, и изгледа речиси идентично како и од сите фалениот оперативен систем на Мајкрософт.

q02

q03

Корисничкиот интерфејс изгледа речиси исто како тој на ХР, од копчињата за намалување, зголемување и затворање, до датотечните икони и старт копчето. Терминологијата исто така е идентична: My Computer, My Documents, Recycle Bin, Control Panel итн.

q04 q05

Но класичната позадина позадина на ХР со ридот и облаците е заменета со Килин, митско чудовиште по кој е наречен оперативниот систем.

q06

Системот нуди Unix терминал, корисна алатка присутна во Linux системот, што е доста иронично, со оглед на тоа колку овој производ личи на Мајкрософт, главниот непријател на љубителите на Линукс.

q07

Не е сосема јасно на која верзија на Линукс е базиран овој кинески систем, бидејќи ги има многу, но постоењето на yum package-management utility и сличниот начин на инсталирање сугерира дека можеби се работи за Федора.

NeoKylin доаѓа со мал број претходно инсталирани програми: Firefox интернет пребарувач, медиа плејер, GIMP, бесплатната замена за Фотошоп, калкулатор и други.

q08

Но, инсталирањето на дополнителен софтвер може да претставува предизвик, како на пример ако сакате да инсталирате Гугл Хром, системот ќе ве блокира.

q09

Системот доаѓа со инсталиран пакет NeoShine – офис пакет замена за Microsoft Office, кој се чинидека е заснован на OpenOffice.

Како заклучок, во основа се работи за Линукс оперативен систем со кориснички интерфејс речиси ист како тој на ХР,

Сподели на Facebook
пати видено