Шанкери и келнери споделиле случки со најчудните состаноци на кои имале можност да бидат сведоци. Во нивните сеќавања се вброени пропаднати запросувања, неверни сопрузи и апсења поради дрога. Еден шанкер пишува:

„Кога пристигнав на мојата смена, мојот менаџер ми кажа дека има еден гостин кој сака да ѝ предложи брак на својата девојка на овој шанк и сакаше јас да му помогнам со тоа. Кажав – супер, нема проблем. И така, менаџерот ми даде прстен и ми кажа да го ставам на врвот на нејзиниот пијалок. Местото беше полно. Таа нарача `Лонг Ајленд`, па така јас го ставив прстенот на сламката и му го подадов коктелот. Таа на лицето имаше израз `Што ти е тебе бе?!` и тогаш тој клекна на колена. Пуштија некои романтични песни, но на мое изненадување, таа го истури пијалокот врз кутриот човек и истрча од барот. Подоцна дознав дека тоа им било втор состанок.“

kl

Друг пишува за тоа како поради тоа што се препознал за малку не ја изгубил работата. „Редовно ми доаѓаше едно семејство за вечера; маж и жена со нивните две девојчиња. Добро ги запознав, особено таткото, но со жената не разговарав често.

Како и да е, еднаш доаѓаат на вечера и забележувам дека се само тие. `Вечерва не доаѓаат децата?` ги прашав. Тој ме погледна така изненадено и ништо не одговори. Доообро тогаш. И ги прашувам: `Го сакате вообичаеното место?` И пак нема одговор, само неколку чудни погледи.

Ги седнав на една маса во близина и им ги предадов менијата. Таа изгледаше малку поразлично, па ја прашав дали нешто сторила со косата. Типот стана многу нервозен и ми кажа да им донессам по чаша вода и да ги оставам на мир. Јас ги погледнав уште еднаш, за да се осигурам дека се работи за истиот човек. Изгледаше како него и сосема сигурно го препознав црвеното комбе кое го паркираше. Тогаш, што му беше проблемот? И тогаш ми светна: тој е со друга жена! Отидов да ја предадам нивната нарачка и неколку мигови подоцна тој се појави пред мене како некаква магија. Сѐ уште изгледа нервозно. Се обидов да му се извинам, но тој ме пресече: `Да не си ѝ писнал збор на жена ми ако сакаш да си ја задржиш работата“.

И на крај, случката со апсењето.

„Најлошата случка ми беше кога еден љубовен состанок беше прекинат од страна на околу десет цајкани кои им упаднаа на масата. Излезе дека типот бил некој голем дилер когошто полицајците го барале веќе долго време. Го совладаа, му ставија лисици и го изведоа надвор. Еден од полицајците се врати и се извини и кажа дека го фатиле благодарение на тоа што девојката се тагнала со него на Фејсбук, чекирајќи се во ресторанот.“

Сподели на Facebook
пати видено