Одлично сочувано мумифицирано тело е откриено во Наска, Перу. Додека мумиите можат да привлечат внимание, ова откритие може да ја смени приказната за човечкото потекло. Згрченото мумифицирано тело со хуманоидна фигура, издолжен череп и со по 3 прста на раката, е фасцинантно откритие, но дали е вистинско? И ако е, тогаш што може да ни каже за човечката историја?

Слободоумните научници кои го проучуваат човечкото потекло можат да се најдат во ситуација каде што треба да го идентификуваат ова откритие како вистинско, веројатно или лажно откритие. Важно е во овие ситуации да останат љубопитни, но скептични. Бројни измами се земени како факт во археолошката историја, но има исто толку (или повеќе) фактички наоди кои биле дискредитирани поради тоа што не се вклопувале во мејнстрим науката.

Јаиме Маусан, истражувачки новинар од Мексико, го предложил оваа откритие на филмската продукција Гаја. Тие се приклучиле на тим од истражувачи и научници надвор од Наска за да ја истражат приказната за мумифицираното тело. Видеата во кои се дискутира за анализата на резултатите, сугерираат дека телото е уникатен фосилен запис.

Еден од водечките научници кои го разгледуваат овој случај е д-р Константин Коротков, професор на Универзитетот во Санкт Петербург. Д-р Хозе де Хесус Залце Бенитез, експерт за судска медицина на Националната школа за медицина на Мексико, и д-р Наталија Залознаја, раководител на секторот за анализа на слики на Медицинскиот институт МИБС, исто така учествуваа на првичните испитувања.

Телото е високо 168см и има слични пропорции како човекот. Карактеристиките поради кои се разликува се трите долги прсти на секоја рака и издолжен череп, како и недостатокот на нос и уши. Д-р Коротков тврди дека овие карактеристики не се деформитет, туку дека „Поединецот е друго суштество, уште еден хуманоид“.

Ова не е единствен пример на издолжен череп пронајден во Перу. „Paracas“ черепите се најголемите издолжени черепи пронајдени во светот. Тие бројат повеќе од 300 и биле пронајдени на гробишта во Паракас, Перу. Некои од овие черепи датираат од пред околу 3.000 години. Причината за обликот на овие черепи долго време се дебатира, како и нивното потекло. ДНК тестирањето на черепите го одреди нивното потекло во Европа и на Блискиот Исток. Други чудни карактеристики на овие издолжени черепи се различната локација на Foramen magnum, местото каде што ‘рбетниот мозок се поврзува со черепот, како и различната големина и тежина, која е поголема од „нормален“ череп.

Телото од Наска е покриено со бел прашок кој веројатно се користи за сушење на кожата и зачувување на остатоците. На кожата ѝ дава сивкаст изглед и научниците сметаат дека внатрешните органи се непроменети и планираат дополнително да го истражат телото.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено