Најверојатно и Вие знаете нешто за „Летечкиот Холанѓанец“, доколку сте го гледале филмот „Пиратите од Карибите: Ковчегот на мртовецот“. Легендата за „Летечкиот Холанѓанец“ со векови се пренесува меѓу морнарите од генерација на генерација. Самата помислата на него предизвика страв и несигурност, кои понекогаш преминуваат и во паника.

Според легендата екипажот на бродот се обидувал да пренесе пораки до свои блиски, кои одамна веќе не биле меѓу живите. Средбата со него се сметала за многу лош предзнак и тие верување дека бродот кој што ќе му се испречи на патот нема да пристигне на дестинацијата.

Легендата вели дека во 1700 година, холандскиот капетан Филип ван дер Декен (во други верзии – ван Стратен) се враќал со брод од Индија, а на бродот патувале момче и девојка, кои биле свршени. На капетанот му се допаднала девојката и тој го убил момчето и ѝ предложил на девојката да се омажи за него. Тогаш девојката се фрлила во морето.

Кога се обиделе да го заобиколат ‘ртот Добра надеж бродот наишол на силна бура. Но капетанот се заколнал дека ќе го заобиколат ури и ако требало да плови цела вечност. Како одговор се слушнал глас од небото: „Така нека биде. Летај!“

Оттогаш ван дер Декен и неговиот екипаж станале бесмртни, но веќе не можеле да престанат да пловат со бродот и биле осудени вечноста да ја поминат низ морските бранови. Ова е најзастапената верзија на легендата за „Летечкиот Холанѓанец“.

Истражувачите на морската историја сметаат дека постои реален настан што се случил во текот на 1641 година со холандски трговски брод. Капетанот исто така се обидел да го заобиколи ‘ртот Добра надеж и да најде соодветно место што требало да стане транзитен пункт за одмор и надополнување на резервите на бродовите на извесна компанија од Индија. Но тогаш почнала силна бура а капетанот и екипажот не се откажале и бродот исчезнал, а оттогаш се појавила и легендата.

Постои уште една верзија, исто така прилично реалистична. На крајот на 1770 година на островот Малта пристигнал холандски брод чиј екипаж од 23 морнари бил инфициран со жолта треска – смртоносна болест слична на чумата. Во Малта му збараниле на екипажот да се симне од бродот и бродот отпатувал во Тунис, но и таму не ги пуштиле во пристаништето. Истото се случило во Неапол, Франција и Англија. Екипажот полека умирал и се претворил во група скелети.

Во 1881 година со „Летечкиот Холанѓанец“ се сретнал британскиот брод „Вакханка“, со кој патувал млад принц. Бродовите се разминале, но морнарот кој во тој момент стоел на палубата и го видел бродот подоцна загинал во несреќа.

Мистичниот брод-дух бил виден дури и во 20 век. Во март 1939 година го виделе многу јужноафрикански туристи кои лежеле на плажата. За ова пишувале тогашните весници низ целиот свет. Иако постојат многу легенди и претпоставки за тоа што се случило со „Летечкиот Холанѓанец“, сепак овие хипотези остануваат недокажани, а океанот добро ги крие тајните.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено