Дејвид Касарес повеќе од еден месец спие на клупа во парк, во Маунтин Вју, Калифорнија. 26-годишното момче не очекувало дека ќе стане „жртва“ на ваква судбина, но неговата упорност и трудољубивост го извадила од „калта“.

Тој се здобил со диплома за програмер на универзитетот во Тексас и работел како веб дивелопер во Џенерал моторс во Остин три години пред да заработи 400 илјади долари и да се пресели во Силиконската долина во септември минатата година за да го оствари својот сон за започнување на стартап компанија.

По неколку месеци, откако ги вложил парите во бизнисот никој друг не сакал да ја финансира компанијата и таа пропаднала. Дејвид почнал да бара работа, но бил пречекан од непријатен пазар на труд. Тој живеел во комбе, но и тоа му било одземено пред околу еден месец. На 26-годишното момче му останал само паркот како опција.

Во петок наутро Дејвид станал од клупата, облекол кошула и вратоврска и застанал на прометна раскрсница со картонски знак во рацете. На знакот пишувало: „Бездомен, гладен за успех, земете резиме.“

Тој стоел на раскрсницата неколку часа пред една жена, возач, Јасмин Скофилд да застане и да го праша дали може да го фотографира. Таа ја објавила фотографијата на Твитер, заедно со резимето на Дејвид и напишала: „Денес го видов овој млад бездомник кој бараше луѓето да земат биографија, а не да бара пари. Ве молат да ретвитнете за да му помогнеме на Дејвид!“

До сабота попладне објавата била ретвитувана од 50.000 луѓе. „Се запрепастив. Во шок сум. Не очекував таков одговор.“, вели Дејвид.

За време на викендот Дејвид добил над 200 понуди за работа, од компании вклучувајќи технолошки гиганти Гугл, Netflix и LinkedIn.

„Толку многу други компании. Пандора. Еден куп стартапи. Менаџер од Bitcoin.com се прашуваше дали можам да работам од тука или ако сакам да се преселам во Токио. Мислев, ова беше како мојата последна станица. Ако ова не функционира, ќе се вратам дома и ќе се откажам од мојот сон.“, додава Дејвид.

Тој сѐ уште не изјавил што ќе прави со понудите и која ќе ја избере, но рекол дека и вечерва ќе спие на неговата клупа во паркот.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено