Можете ли да препознаете што е ова на сликата што Виетнамците го собираат и продаваат, а добар дел од нив се откажуваат и од својата редовна работа за да му се посветат на овој бизнис?

Во Виетнам веќе неколку години цвета бизнисот со ластовици. Да, обични ластовици какви што имаме и ние, но нивните гнезда во Виетнам вредат многу пари. Иако овој бизнис оди заедно со прилично непријатен мирис, сепак 500 грама од овој деликатес се плаќа 500 долари.

Ластовиците ги правеле гнездата со една состојка од нивната плунка, која е многу ценета во виетнамската народна медицина. Тие тврдат дека со ова се зголемува имунитетот на човекот, па дури и дека лечи неколку форми на рак.

Обично ластовиците си прават гнезда во аглите на темни простории, па затоа виетнамските претприемачи почнале да градат специјални куќи за ластовици, во кои ги привлекуваат со многу идеални агли за гнезда и со изобилството на храна.

Сподели на Facebook
пати видено