Испит по анатомија на Медицинскиот факултет. На професорот му здосадува и на последните неколку студенти им задава нестандардни прашања.
Им дава една торба со органи. Треба да ја стават раката внатре и без да гледаат да кажат што напипале, да го опишат, да кажат како функционира итн.
Збунета студентка ја става раката во торбата и вели:
– Посебна салама.
Професорот со потсмев:
– Колешке, Вие ќе станувате доктор. Не смеете да се срамувате од ништо! Кажете сега што напипавте?
Колешката уште позбунето:
– Посебна салама, професоре.
Професорот:
– Добро, покажи ја!
Студентката вади едно црево посебна салама. Професорот го погледнува асистентот и промрморува:
– Интересно-о-о… Што ли тогаш мезевме со ракијата синоќа?

Сподели на Facebook
пати видено