„Што е емоционален багаж?“ Со овие зборови започнал еден од првите часови во едно средно училиште во Америка. Професорка по Англиски јазик со 22-годишно работно искуство, Керен Лоув, решила да се обиде да им помогне на своите ученици да се справат со секојдневниот стрес.

Кога приказната ја објавила на Фејсбук над 500.000 луѓе ја поддржале и експериментот почнаа да го прават и други наставници, вклучително и од Австралија, Кина и Пакистан.

Замислете дека поминувате 6-7 часа во канцеларија дневно, каде што не можете да одите во тоалет без да побарате дозвола, а колегите се кикотат секој пат кога шефот ќе каже нешто лошо за вас. Речиси секој ден, треба да се грижите за тоа што не ги подготвивте своите извештаи навреме и мора да правите здодевни задачи. Вака изгледа училиштето за повеќето ученици. Студиите покажаа дека 2 од 3 ученици се досадуваат за време на часовите секој ден и многу ученици кои се постари од 8 години дури се чувствуваат несреќни.

Исто така, ако имаат проблеми во семејството, тогаш емоционалното оптеретување станува премногу големо за едно дете. И тие не се секогаш подготвени да ги споделат своите проблеми со другите. Керен пронајде начин како да го реши тоа, на еден час им дала задача на учениците да споделат сѐ што ги мачи.

„Ги замолив да напишат на парче хартија што им пречи, што им е тешко на срцето, што им штети и сл. Ова беше анонимно, им реков да не го пишуваат своето име на хартијата. Тие ја завиткаа хартијата и ја фрлаа низ просторијата Потоа хартијата ја собравме во кеса и учениците влечеа ливчиња и читаа што пишува на нив. Одлуката да кажат пред класот дека е нивното ливче беше целосно нивна.“, објаснува Керен.

Мојот татко ме остави мене и моите браќа кога имав 4 години

Работите што студентите ги напишале ја шокирале Керен. Некои деца зборувале за смртта на нивните роднини, за ракот, за разводот на нивните родители, а некои зборувале за самоубиство, земање дрога и нивните семејства. Многу деца плачеле кога ги читале белешки на другите деца затоа што нивниот емотивен багаж бил толку тежок. Само една приказна била смешна: едно момче напишало дека неговото морско прасе починало затоа што било дебело.

Родителите се разведуваа. Не ја видов мајка ми 3 години.

Откако ги прочитале сите белешки, Керен им кажала на своите ученици дека тие не се сами и дека се сакани. И тогаш таа ја ставила кесата до вратата за да ги потсети дека сите ние имаме емоционален багаж.

Дедо ми почина кога имав 9 години

Керен вели дека откако ги замолила децата да го споделат својот багаж тие почнале да се однесуваат едни кон други со поголема почит. Професорката вели дека децата можат да бидат поискрени со возрасните, но им треба повеќе време за да се отворат.

Сподели на Facebook
пати видено