Ерин Меколиф од Северна Каролина е обвинета по три точки за сексуална активност со ученик и обвинение за сексуална активност со малолетно лице. 25-годишната професорка по математика имала сексуални односи со две 17-годишни момчиња и едно 16-момче. Меколиф била уапсена по едномесечна истрага, а била отпуштена од работа на 4-ти мај.

Детективите спровеле интервјуа со учениците и со вработените од училиштето пред да добијат налог за апсење на професорката. Според полицијата сите сексуални активности со учениците се одвивале на кампусот на училиштето.

Ерин ја пријавиле во полиција две нејзини жртви, 17-годишно и 16-годишно момче, а подоцна се појавила и третата жртва. Професорката не е мажена и живеела заедно со нејзините миленици во Роки Моунт.

Таа дипломирала на Методистички Универзитет во 2014 година, на катедрата за математика. Се вработила во училиштето во август 2016 година, откако претходно била аналитичар на податоци во адвокатска форма со седиште во Сан Диего.

Сподели на Facebook
пати видено