Прочуениот украински лекар проф. Виктор Досенко кажа една проста вистина, која објаснува повеќе од болестите кои нѐ настигнуваат на стари години. По 45-тата или 50-ттата година, човек започнува да старее, но вообичаено не сака да си го признае тоа, камо ли да си ги менува навиките на исхрана. Во таа возраст се храниме како да сме на 20 или 30 години, а тоа е товар за нашиот организам. Проф. Досенко е категоричен дека прејадувањето е порок на којшто се должи појавата на повеќето сериозни заболувања, меѓу кои Алцхајмеровата болест, кардиоваскуларните проблеми, дијабетесот и канцерогените болести. Кога се прејадуваме, на организмот му пречиме во една од неговите најважни функции, да ги уништува и исфрла обработените материи и непотребните влакна. Неговиот совет е од масата да стануваме малку гладни и еден или два дни во седмицата да се храниме пооскудно, т.е. да постиме.
Тоа ќе доведе до одлично прочистување и ќе ја подобри работата на органите. А со напредокот на медицината и современите технологии, човек спокојно може да ја одложи смртта и да доживее години кои сега се карактеристични за среќни исклучоци. Имено, тој смета дека е реално да се очекува во блиска иднина луѓето, со помош на добар режим на исхрана и редовни профилактични прегледи, да доживеат дури и до 120 години.