Писмото од Легендарниот Брус Ли каде што тој ги открива неговите цели и ја изразува својата решителност да ги исполни тие цели е насловено како „Дефинитивна главна цел“. Писмото било напишано во јануари 1969 година, четири години пред неговата предвремена смрт на возраст од 32 години. Тој го напишал писмото во период кој бил тежок за него. Брус бил решен на успее во Холивуд како азиски Американец, а писмото е доказ за инспиративните зборови кои што си ги упатил на самиот себе.

Мојата дефинитивна главна цел

Јас, Брус Ли, ќе бидам првата најплатена ориентална супер ѕвезда во САД. За возврат, ќе ги направам највозбудливите изведби и ќе го овозможам најдобриот квалитет кој може да го пружи еден актер. Почнувајќи од 1970 година ќе ја постигнам светската слава и од тогаш па натаму до крајот на 1980 година ќе имам 10,000,000 долари. Јас ќе живеам онака како што сакам и ќе постигнам внатрешна хармонија и среќа.

Брус Ли

Јануари 1969 година

За жал, тој починал четири години по пишувањето на ова писмо, но она што е неверојатно е дека тој ги остварил сите цели кои ги напишал во писмото. Тој се уште се смета за една од најголемите ѕвезди во светот и неговото богатство дури ги надминало 10,000,000 долари кои што ги посакувал. Брус Ли ги поставил своите цели и решил да ги оствари.

Ако треба да седнете со пенкало и хартија во рацете, која би била Вашата „дефинитивна главна цел“?

Сподели на Facebook
пати видено