Среќен турист не морал да се грижи за досадните сопатници, плачливите бебиња и недостатокот на простор за време на неговиот лет кон идиличниот остров – тој си добил цел авион само за себе. Дваесет и осумгодишниот Алекс Симон практично си добил приватен авион бидејќи тој бил единствениот патник кој се појавил на летот на Филипин Ерјланс додека патувал од Манила кон Боракај. Патувачкиот блогер кој живее во Ишгл, Австрија, бил запрепастен кога никој друг освен него не се качил во авионот – оставајќи го сам со две стјуардеси и двајца пилоти.

av01

Симон го снимил пријатниот лет, па дури имал прилика да влезе и во пилотската кабина и да поразговара со пилотите пред да полета авионот. Екипажот се пошегувале со невообичаената ситуација додека го снимале Симон додека седнува на своето седиште и излегува од авионот.

av06

„Кога пристигнав на аеродромот, го слушнав само моето име од звучникот – господине Александар Симон, ве молиме влезете во дојдете до шалтерот за информации. И така дамата ми објасни дека не мора да чекам уште два часа за мојот лет, ќе почнеме по 30 минути бидејќи нема други патници освен мене. Бев малку изненаден и не можев да поверувам. Мислев дека сонувам. Подоцна, додека се качував на авионот, сфатив дека ова ќе биде специјален лет бидејќи не морав ни да застанам на ред. Си седнав на седиштето и ја прашав стјуардесата дали можам да седнам крај прозорецот. Таа само ми одговори – Можете да седнете каде сакате, бидејќи вие сте единствениот патник.

av02

Беше незаборавно да се лета кон еден од најпрекрасните острови во светот, но да бидеш сам и да се чувствуваш како супер-ѕвезда го направи уште поспецијално. Едноставно имав среќа, си мислам, што никој друг не бил заинтересиран тој ден да лета до рајот.“

av07

Сподели на Facebook
пати видено