Пристигна нова Мотика Андроид апликација! Едноставна со елегантен, современ дизајн и импресивна брзина на вчитување, што создава впечаток на летање низ целиот современ свет преку забавни, интересни и позитивни содржини.

За разлика од верзијата на персонални компјутери, менито го сместивме долу (се листа лево-десно), со икона и наслов за полесно распознавање на категориите.

Горе од десната страна се наоѓа копчето ИГРИ, каде ќе можете да играте игри без да губите време за инсталирање и ќе штедите простор на телефонот.

Мотика апликацијата е програмирана да не зафаќа простор и да биде брза. Толку е мала што ви зафаќа место само колку една обична фотографија на телефонот.

Копчето десно долу (+) служи за да ни испратите смешно видео или фотографии, така продолжуваме да соработуваме со вас и да продолжиме да бидеме најдоброто место за македонскиот хумор. Најсмешното македонско видео или слика кое најмногу пати ќе биде видено, повторно ќе биде наградено со мобилен телефон како и претходните 10 месеци.

Најлесен начин да ја инсталирате нашата апликација е да кликнете на овој линк кој ќе ве однесе на Playstore, или самите да отворите Playstore и да напишете во полето за пребарување Мотика.

Оперативен систем: Android 5 и повисок
Големина: < 1 MB
Оценка: 4.9
Цена: Бесплатно

Сподели на Facebook
пати видено