Вгнезден на работ на шумата Шинон и со поглед на бреговите на реката Индре, во француската комуна на Ригниј-Усе, се наоѓа замокот Усе. Замокот првично бил изграден во 11-тиот век како тврдина, но со текот на времето се развивал за да стане скапоцен камен од ренесансната архитектура, а подоцна станал прекрасен станбен дом. Во замокот Усе престојувале многу познати луѓе, како што се Волтер и Шарл Перо, францускиот автор кој ги измислил модерните бајки.

Престојот на Шарл Перо во замокот бил значаен, затоа што се смета дека токму овој замок бил инспирација за да ја напише бајката „Заспаната убавица“. Оригиналниот замок бил изграден од камен и дрво од страшниот Викиншки воин Гелдуин Први, околу 1.000 година н.е. Со текот на времето, замокот ја изгубил својата воена улога и стана елегантен престој. Семејството Еспинај го купило замокот во 15 век и извршиле промени во италијанскиот стил на ренесансата. Замокот останал во нивна сопственост два века.

Во 17 век, замокот станал сопственост на Луис Бернин де Валентинај, кој ја модернизирал и ја разубавувал резиденцијата, а исто така основал и градина од 600 хектари дизајнирана од познатиот пејзажен архитект од Версај, Ле Нотр. Во времето на семејството Валентинај, Перо и Волтер престојувале во Усе како гости. Се вели дека Перо бил хипнотизиран од мистериозниот замок кој изгледал како магично да е заробен од дрвјата на шумата Шинон.

Замокот сега е во сопственост на семејството Блакас д’Алпс, потомците на Војвотката Дурас Дуариер, која го купила замокот во 1802 година. Голем дел од замокот е опремен со мебел од 18 век и таписерии. Во изминатите две децении, замокот е исполнет со кукли облечени во костими од 18 век. Куклите секоја година ги менуваат облеките за да покажат како модата се променила во текот на векот.

Исто така врската со „Заспаната убавица“ не е изгубена. Во специјално декорирани соби се прикажани некои од главните сцени од бајката. Крштевањето на младата принцеза, ужасниот момент кога таа го боцнала прстенот на вретеното и моментот кога таа е разбудена од Принцот, сите се убаво украсени со реалистични кукли.

Сподели на Facebook
пати видено