Главниот лик во оваа животна приказна е многу богата Американка по име Хети Грин. Таа наследила многу пари и успеала да го зголеми своето богатство значително.

И сето ова се случило во време кога мажите ги контролирале сите пари! Не е изненадување што современиците на Хети не ја сакале многу и уживале да споделуваат лоши факти за неа.

Хенриета Хети Хауланд Робинсон е родена во богато семејство на Квакери – членови на Верското друштво на пријатели. Уште од 6-годишна возраст, ја учеле како да штеди пари. Кога наполнила 13 години станала сметководител на семејството и иако ракописот ѝ бил лош бројките совршено се совпаѓале.

А кога имала 20 години нејзиниот татко ѝ купил скапи фустани за да привлече богат сопруг, но Хети ги продала сите и ги инвестирала парите во државни обврзници. Пари за пари станало нејзино животно мото. Кога имала 30 години, таа ги наследила парите на нејзиниот татко, и покрај секое спротивставување, ги вложила сите пари (7,5 милиони американски долари) во „зелени банкноти“ – банкноти што биле испечатени за финансирање на Граѓанската војна во САД.

Дури кога дознала дека нејзината тетка во тестаментот напишала дека остава 2 милиони долари во хуманитарни цели, Хети го оспорила тестаментот на суд, велејќи дека е лажен, но сепак не успеала да докаже, туку се покажало дека нејзината верзија е лажна.

Таа сакала да се омажи само за човек побогат од неа и на 33 години се омажила за Едвард Хауланд Робинсон Грин – мултимилионер од Вермонт. Иако се велело дека се сакале Хети не ги заборавила лекциите од своите родители и го убедила да потпишат предбрачен договор. Тие имале две деца, синот Нед и ќерката Силвија. За жал, во 1885 година, Едвард банкротирал, а Хенриета го оставила сопругот, одбивајќи да ги плати долговите. Но, по 15 години кога здравјето му се влошило таа се погрижила за него.

По смртта на нејзиниот сопруг, Хети започнала да носи тажна облека – црн фустан и тежок сцрн вел и поради ова ја нарекувале „Вештерката од Вол Стрит“. Во ерата кога на жените „местото им било дома“ Хети градела своја империја рамо до рамо со мажите. Бидејќи била толку опседната со пари за неа кружеле разни приказни и шеги и весниците постојано пишувале за неа.

Според некои гласини, Хети Грин го носела истиот фустан и не купувала ниту долна облека. Алчноста на „најбогатата Американка“ се однесуваше и на нејзините деца. Кога нејзиниот син Нед ја скршил ногата Хети го однела во бесплатна болница за сиромашни луѓе. Таму лекарите се обиделе да му помогнат на Нед со средствата што ги имале, но ногата сѐ уште го болела. Неговтаа состојба постепено се влошувала и на крај морале да му ја АМПУТИРААТ.

Хети често од продавницата купувала скршени колачиња, затоа што чинеле помалку од целите и земала бесплатни коски на нејзиното куче. Клучот ос сефот го носела со себе и секогаш се шетала со револвер со кој и спиела. Таа често се селела во ефтини станови за да избега од новинарите и користела лажни имиња. Таа дури и не сакала да плати 150 долари за сопствената операција и се лекувала дома.

Според Гинисовата книга на рекорди Хети Грин се смета за најалчната личност во светот и таа починала од мозочен удар додека се расправала со слугинката за предностите на ефтиното млеко со малку маснотии.

Сподели на Facebook
пати видено